Што е eTenderi.mk

Посебна верзија од веб софтверот GoEasy наменет за едноставно и лесно управување со договори за јавни набавки, контрола на буџет,искористеност на договори и сл. преку интернет, поделен на два одделни модули со различни функционалности:

Модул за Договорни органи

Посебна веб околина и функционалности потребни за работа на договорните органи

Модул за Економски операртори

Посебна веб околина и функционалности потребни за работа на економските оператори

...

Договорни органи

eTenderi за Договорни органи е посебен модул наменет за едноставно и лесно управување со договори за јавни набавки (спецификации, огласи, договори, барања, приемници, издатници и сл.) наменет за користење од страна на сите јавни институции.
Работи преку кој било интернет прелистувач на компјутер, лаптоп и мобилен уред, конектиран на интернет преку заштитена SSL врска

Најави се Пробај бесплатна верзија

...
Спецификации

Креирање на спецификации со продукти и услуги со количини планирани за јавен оглас за набавка

Огласи

Евиденција на јавни огласи, доделување на спецификации во огласот

Договори

Креирање и управување со потпишани договори, доделување на економски оператор, спецификации, цени, важност, рок на испорака и сл

Барања и порачки

Креирање на барање за порачка, контрола на одобрување и автоматско генерирање на порачки од барањата согласно активните договори.

Приемници и издатници

Проверка и автоматско креирање на приемница (влез во магацин) од порачката, креирање на издатница (излез од магацин) на потрошени залихи

Извештаи и известувања

Следливост на залихи и износи според активни договори, контрола на искористеност на договори и автоматски известувања по е-маил

Економски оператори

eTenderi за Економски оператори е посебен модул наменет за едноставна и лесна евиденција на добиени договори (тендери, буџет, фактури, финансии, клиенти, анализа и сл.) наменет за користење од страна на сите приватни организации.
Работи преку кој било интернет прелистувач на компјутер, лаптоп и мобилен уред, конектиран на интернет преку заштитена SSL врска

Најави се Пробај бесплатна верзија

...
Тендери

Евиденција на добиени договори за јавни набавки, времетраење, искористеност по количини и износ.

Буџет

Внесување и евиденција на буџет за секој договор по буџетски ставки групирани по лотови/групи и период на извршување.

Фактури

Едноставно креирање и управување со излезни фактури за секој активен договор(тендер)

Финансии

Визуелни извештаи за приказ на финансиска искористеност на тендери, статус на фактури, ДДВ и приход по тендери

Анализа

Визуелен приказ на сите тендери , нивна искористеност по периоди и преостанат износ и количини

Валутации

Следење и евиденција на валутации на издадени фактури и автоматски известувања по емаил

Серверски простор и бекап

Неограничен серверски простор со автоматски бекап на вашите податоци на различни локации со цел вашите податоци да бидат сигурни и достапни 24/7

Техничка поддршка

Вклучена техничка поддршка 8 часа дневно секој работен ден по телефон или емаил за брзо решавање на појавен технички проблем.

Клиентска поддршка

Нашите агенти ви стојат на располагање секој работен ден за каква било помош, асистенции или предлози при користењето на софтверот.

Најчесто поставувани прашања

Кои се придобивките од eTenderi.mk?

eTenderi.mk е развиен со цел да го олесни и дигитализира менаџирањето на договорите за јавни набавки и овозможи прецизна и точна следливост на искористеноста на договорите. Можете да го користете преку интернет од каде било преку компјутер и мобилен уред.

Како се користи eTenderi.mk

Зависно дали сте Договорен орган или Економски оператор се регистрирате на соодветниот модул по што можете да ги пробате функционалностите внесувајќи еден договор бесплатно. Нашите агенти ви стојат на располагање за дополнителни презентации и обуки.

Дали моите податоци се безбедни и заштитени?

Вашите податоци се целосно безбедни складирани во С.Македонија на Dedicated сервери со ISO сертификат, со автоматско правење на бекап на повеќе различни локации. Единствено само вие имате пристап до сите ваши податоци кои сте ги внеле во софтверот,

Дали имам ограничувања при користењето?

Независно кој модул го користите вие немате никакви ограничувања во однос на функционалностите, обемот на внесени податоци и можностите на софтверот. Единствено сте ограничени во број на менаџирање на активни договори за јавни набавки.

Дали со eTenderi може да се интегрираат и други модули?

Секако. eTenderi подржува интеграција со останатите модули од софтверот GoEasy како креирање и управување со фактури, магацини, трошоци, сметководство, планер и сл. Со интеграција на сметководствен модул автоматски се книжат сите влезно/излезни документи.

Што со моите податоци доколку се откажам од користењето?

Модулот го користите врз основ на месечен или годишен надомест зависно бројот на активни договори. Доколку заради каква било причина сакате да престанете со користење, сите внесени податоци ќе ви бидат експортирани и доставени во соодветен формат.

...


Надомест за користење на eTenderi.mk

Користењето на услугата е на месечно ниво зависно бројот на договори за јавни набавки кои ги менаџирате во софтверот, како и дополнителни модули кои сакате да ги користите.Може да закажете состанок со нашите агенти за продажба за согледување на вашите потреби и договарање на цена.


Закажи состанок