Што е eTenderi.mk

Веб софтвер за менаџирање, следливост и контрола на склучени договори, ги елиминира грешките, ги подобрува и автоматизира процесите во областа на искористеноста на договорените количини и износи на набавките во секторите поврзани со јавни набавки.

Може да се користи преку кој било интернет прелистувач(Chrome, Opera, Firefox, Edge…) на компјутер, лаптоп и мобилен уред преку заштитена интернет врска, без дополнителни инсталации и ограничувања со место и време.


Економски оператори

eTenderi за Економски оператори овозможува едноставна и прецизна следливост на склучените договори по јавни набавки и контрола на исцрпените количини по договор, ги намалува грешките и потребата од нови вработувања.

Целосна контрола на буџетот и следливост на преостанатите количини по договорот, тековниот профит,ДДВ и статус на фактурите преку кој било PC или мобилен уред

Навремени испораки и точна евиденција на количините по склучен договор

Визуелен приказ и контрола на исцпрени и преостанати количини по договор

Автоматски известувања со цел планирање на преостаната количина по договорот

Најави се Пробај 14 дена бесплатно

Управување со договори

Евиденција и архивирање на склучени договори за јавни набавки, важност, рокови за испорака, документи, аларми за предвремен истек на договор

Буџет на договор

Внесување на буџет за секој договор за јавна набавка по буџетски ставки групирани по лотови/групи и временски рамки, визуелни показатели за исцрпеност на договорот

Управување со фактури

Креирање и праќање на фактура за секоја испорачана стока/услуга по активен договор,едноставно со неколку клика.Следливост на фактури, валутации, плаќања, известувања

Финансиски извештаи

Визуелни извештаи за искористеност на договори ,вкупен,потрошен и преостанат износ , статус на фактури, приходи и ДДВ по договори и најискористени продукти/услуги

Анализа на искористеност

Визуелен приказ на сите договори според датум на истекување , временски рамки, статус на реализација (процентуален и нумерички) и аларми

Извештај за фактури

Извештај за статус на валутации на фактури по договори и институции. Анализа по договори и институции на испорачани продулти/услуги , искористени и преостанати количини

Договорни органи

eTenderi за Договорни органи е посебна верзија наменета за едноставно и лесно менаџирање со склучени договори за јавни набавки (предмет на набавка, огласи, договори, барања, приемници, издатници и сл.) наменет за користење од страна на сите јавни институции.
Опфаќа повеќе сектори поврзани со управување со јавни набавки и тоа сектор за јавни набавки, сектор за магацинско работење, сектор за финансии...


Предмет на набавка

Управување со предмети на набавка преку лотови/делови од продукти и услуги со планирани количини и износи објава за јавен оглас за набавка

Огласи

Евиденција на јавни огласи, менаџирање на дел/лот во огласот преку означување на неискористени лотови од селектираниот предмет на набавка

Договори

Евиденција на потпишани договори, доделување на економски оператор, предмет на набавка, дел, цени на продукти/услуги, важност, рок на испорака, документи и сл

Барања и порачки

Креирање и евиденција на барања за порачки, хиерархиска контрола на одобрување, автоматско генерирање на порачки од барањата, автоматско праќање до ек.оператор

Влез на роба и требувања

Прием на роба од ек.оператор преку автоматско креирање на приемница (влез во магацин) од порачката, креирање на издатница требување) на потрошени залихи

Извештаи и известувања

Материјална и финансиска следливост на активни договори, контрола на искористеност по договори, делови, продукти и услуги преку автоматски известувања по е-маил

Серверски простор и бекап

Cloud серверски простор обезбеден од Телеком , автоматски бекап на податоците на различни локации за овозможување сигурност и достапност 24/7

Техничка поддршка

8 часа дневно секој работен ден по телефон или емаил за корекција на проблеми и кориснички грешки. Автоматска централизирана надградба

Клиентска поддршка

Нашите агенти ви стојат на располагање секој работен ден за каква било помош, асистенции или предлози при користењето на софтверот.

Компанија и продукти


Гоу Изи ДОО

Гоу Изи ДОО (goeasy.eu) е стартап компанија за информатичка технологија основана во 2018 година, која преку развој на SaaS cloud деловни решенија им помага на компаниите и организациите да го дигитализираат и автоматизираат своето работење, менаџирајќи ги работните процеси достапни отсекаде преку интернет.


Cloud базирани решенија

Достапност на податоците отсекаде преку веб прелистувач, централизирано, без вложување во додатна инфраструктура и ресурси


Лесно надградливи

Брза персонализација според потребите на компаниите и организациите и поддршка за интеграција


Искусен тим

со долгогодишно искуство во различни области (IT, трговија, маркетинг, финансиски и правен менаџмент, проектен менаџмент)


Продукти по реална потреба

развивани според реални потреби со консултанти од различни области, целосно веб базирани и едноставни за користење


Продукти на компанијата

eproekti.mk

Cloud софтвер специјализиран за менаџирање на проекти финансирани од грантови програми


fakturiraj.mk

Cloud ERP софтвер за менаџирање со фактури, трошоци, магацини, човечки ресурси и автоматизирано сметководство прилагоден за користење од менаџерскиот тим

etenderi.mk

Cloud софтвер за управување и следливост на договори за јавни набавки за договорени страни и економски оператори

4connect.eu

Дигитална пларформа за дирекно поврзување на даватели и баратели на услуги во форма на мини тендерска постапка

Најчесто поставувани прашања

Кои се придобивките од eTenderi.mk?

eTenderi.mk е развиен со цел да го олесни и дигитализира менаџирањето на договорите за јавни набавки и овозможи прецизна и точна следливост на искористеноста на договорите. Можете да го користете преку интернет од каде било преку компјутер и мобилен уред.

Како се користи eTenderi.mk

Зависно дали сте Договорен орган или Економски оператор се регистрирате на соодветниот модул по што можете да ги пробате функционалностите внесувајќи еден договор бесплатно. Нашите агенти ви стојат на располагање за дополнителни презентации и обуки.

Дали моите податоци се безбедни и заштитени?

Вашите податоци се целосно безбедни складирани на Cloud сервер обезбеден од Телеком со сите безбедносни стандарди и сертификати, со автоматско правење на бекап на повеќе различни локации. Пристап до податоците е на ниво на корисник или корисничка улога.

Дали имам ограничувања при користењето?

Независно кој модул го користите вие немате никакви ограничувања во однос на функционалностите, обемот на внесени податоци и можностите на софтверот. Единствено сте ограничени во број на менаџирање на активни договори за јавни набавки и број на корисници.

Дали со eTenderi може да се интегрираат и други модули?

Секако. eTenderi подржува интеграција со останатите модули од софтверот GoEasy како креирање и управување со фактури, магацини, трошоци, сметководство, планер и сл. eTenderi нуди веб сервис за интеграција со софтвери за магацинско и финасиско работење.

Што со моите податоци доколку се откажам од користењето?

Модулот го користите врз основ на месечен или годишен надомест зависно бројот на активни договори. Доколку заради каква било причина сакате да престанете со користење, сите внесени податоци ќе ви бидат експортирани и доставени во соодветен формат.